Живот и Стил

Дневен хороскоп за вторник

Дневен хороскоп за вторник

Овен

Доколку сте во можност посериозните обврски одложете ги за попладневните часови, тогаш ќе бидете попродуктивни. На љубовен план ве очекува додворување од некоја посериозна личност.

Бик

Денес целото професионално опкружување ќе ви биде сосема оптеретувачко и нема да знаете на која страна да се свртите. На љубовно поле, потребна ви е релаксација со саканата личност.

Близнаци

Денес ќе бидете продуктивни во вашата работа и доколку работите на повеќе работи ќе бидете уште попродуктивни. Mоже да се чувствувате осамено, па дури постои можност и да покажете наклонетост кон вашиот поранешен партнер.

Рак

Овој ден ќе биде потежок, па затоа не однесувајте посериозни одлуки. Ако сте слободни може да наидете на одбивање, а доколку сте во брак тогаш очекувајте вашиот партнер да ви преговори за некоја ваша грешка.

Лав

Попладневните часови се подобри за работата. Ќе добиете пофалба на работата дека станувате се’ подобри. Денот на е претерано поволен за љубов, затоа посветете се на некои други активности.

Девица

Потребен ви е совет од некој повозрасен, не избегнувајте го. Зафатените припадници на овој хороскопски знак денес треба да поразговараат за проблемите со својот сакан, додека пак слободните припадници нема да бидат воопшто насочени кон барање на љубов.

Вага

Денес ќе имате поволна соработка со женскиот пол. Но сепак може да очекувате дека некои ваши очекувања нема да бидат исполнети. Кога станува збор за љубовта, не слушајте ги обвинувањата на другите.

Шкорпија

Денес може да ви биде наметната некоја обврска која не ја очекувавте. Внимавајте што зборувате во афект. Тешко ви е да ги согледате работите поврзани со љубовта малку пореално, партнерот очекува од вас да бидете посериозни.

Стрелец

Денес пред сите ќе кажете што навистина ве мачи. Можно е истото да му наштети на колективот, но тоа нема да ви биде првичната замисла. Особено сте емотивни за некои работи и сакате да се извините за направените грешки.

Јарец

Понекогаш потребно е да ги тргнете и мечтаењата на страна за да се одморите. Кога станува збор за љубовта, покажете ја вашата наклонетост кон саканата личност и ќе добиете позитивни реакции.

Водолија

Преку пријател или познаник денес ќе се обидете да дојдете до нова работа. Личност од минатото може да ви се појави во животот, но вашите пријатели ќе ве натрупаат со нивни приказни, со што нема да имате време за размислување.

Риби

Не е добар ден за нови потфати, решете ги проблемите со минатото и посветете се на сегашноста. Денес ќе ви биде потребно внимание кое ќе го добиете од вашиот партнер, но ако сте слободни тогаш ќе се чувствувате особено осамени.

Извор: kumanovonews

To top