Популарната фолк група „Академци“ која е добро позната на народната музичка сцена, од неодамна има нов член.
Станува збор за младата и талентирана пејачка Ивана Серафимовска која меѓу членовите на „Академци“ ќе биде женско вокално засилување.
Фестивалите се музички настан каде естрадата има прилика да се дружи и да ги проширува своите идеи за соработка, а Ивана како искусен фестивалски изведувач, како и „Академци“, најдоа своја заедничка фреквенција на која ќе функционираат отсега и во иднина.
Исто така, Ивана и Драган Николовски, вокалот во групата, неодамна учествуваа заедно во едно од поновите изданија на кулинарското шоу „Брза кујна“, каде освен што ги измерија силите во готвење, пред камери имаа прилика да запеат заедно, а со тоа да ги слушнат и бројните гледачи на емисијата.
Инаку, од „Академци“ – во проширен состав, наскоро се очекуваат нови кавери и песна на која работат во студио.
Ивана Серафимовска наскоро ќе ја издаде и својата соло песна насловена „Дуња“ за која подготвува и спот. Во 2018 година ја гледавме на фолк-фест „Валандово“ со „Од луда до заљубена“, а минатата година настапи на истата сцена со песната „Фотографија“.
„Академци пак, постојат од далечната 1987 година, а во 2017 година обележаа јубилеј од 30-годишна музичка дејност.