Свет Трифун или Свети Валентин… како да се прослави празникот на виното, лозарите, љубовта и вљубените? Водени од верата и традивијата или водени од чувставата и срцето? Или можеби од обете?!
тешка дилема за многумина, особено за вљубените двојки, ама и за соло играчите, кои требаа да ја одберат варијантат која најмногу им одговара. Виното и кафеаната со друштво или бакнежите и саканата, во пар?
Едни вака, други така, трети и вака и така, ама не сите го славеа празникот со вино и бакнежи. Дел од македонските познати ѕвезди решија на тој дена да му дадат и малку поинаква нота. Едни следејќи ја традицијата, други следејќи ја песната и композицијата… Сепак и едните и другите го запазија она најважното: и виното и љубовта беа вткаени во нивните активности!
Имено, познатите македонски актери Зоран Љутков и Игор Ангелов место кадифени мечиња и перничиња во вид на срце, в раце земаа ножици, па за празникот се зафатија од се’ срце за работа на лозје, уште среде бел ден.
Впрочем, денот е таков, па традицијата треба да се почитува, а и за годината да биде родна, обајцата со уште неколку пријатели тргнаа да ги закројат лозовите гранки.
На пауза, по некоја голтка од ланската реколта… Во виното е вистината нели, ама уште ако ја пивнеш на неговата родна грутка и годината што претстои нема да има утка… Ќе биде родна и плодна… И за винарите и за актерите!
Македонската поп дива Калиопи е на турнеја низ регионот. Празникот неа и нејзината екипа ја затекна на море. Па во прекрасен сончев амбиент, празникот навиното и љубовта го честиташе со песна.
Познатата македонска „Дафино вино црвено“, во акапела изведба на женско вокално трио: Таа и нејзините придружни вокали Маја и Јулија. … Ем ја запазија традицијата, ем ја испочитуваа љубовта… Само малку го утнаа текстот, ама една буква не е ништо, иако може многу да смени.
„Инаку, не е ‘караНкамен’, туку Каракамен планина… ама заради концетрацијата со каменот, ми се испушти вишок едно ‘Н’… Дафино вино црвено, момчето ти е заспало, момчето ти е заспало на Каракамен планина“ – појасни Калиопи во текстот покрај споделеното видео.
Колку да се знае: Што е кара, а кој е караН!