Дуото од „Некст тајм“, Мартин и Стефан, како и нивниот постар брат Филип деновиве имаа убав повод за славење.
Имено, причината поради која славеа и се радуваа беше 60-тиот роденден на нивната мајка Сузана.

Но кој би рекол дека оваа модерна дама со младешки изглед е токму мајката на Мартин, Стефан и Филип. Таа изгледа многу модерно, згодно и дамски за нејзините години. Дефинитивно, за неа важи правилото: годините се само бројка.

Мартин на својот „Инстаграм“ профил со гордост објави фотографија на која позира со нивната мајка Сузана и браќата Стефан и Филип, а во описот на истата напиша:
„Среќен 60-ти роденден мајко @suzanafilipovska, вистинска инспирација“.

Под објавата се нижеа честитки и убави желби за роденденот, но и пофалби за изгледот на Сузана.