За вашата бања да мириса на свежина, важно е да внимавате на хигиената на просторот, а едно од решенијата се наоѓа во природно средство за чистење.
За оваа цел подгответе: 100 грама лимонтус, 250 грама сода бикарбона и 50 капки етерично масло со мирис на портокал, лаванда или ментол.
ПОДГОТОВКА:
Во сад измешајте ја содата и лимонтусот, па додадете го маслото и промешајте уште малку.
Во шише со распрснувач, ставете малку вода и истурете ја подготвената смеса, па добро измешајте.
Со вака подготвеното природно средтсво испрскајте на тоалетната школка, лавабото и кадата, а потоа избршете со чиста крпа.
На овој начин ќе избегнете хемикалија, а ќе добиете чистота и пријатен мирис.
извор: Курир.мк