Драгана Мирковиќ од бракот со Тони Бјелиќ има две деца, синот Марко и ќерката Мануела.
Меѓутоа, нејзините деца речиси никогаш не се појавуваат во јавност, па не се знаат многу детали од нивниот приватен живот.
Сепка, неодамна нејзиниот 18 годишен син Марко се појави на една хуманитарна автомобилска трка во Германија.
Мирковиќ вели дека во тој момент се плашела за животот на синот кој бил зад воланот.
„Во текот на трката бев како на игли, но не сакав да тоа да се забележи, сите го подржувавме. Кога се заврши и покажа колку е способен и добар возач, се смирив. Мојот совет му беше да вози со ладна глава и тоа да го сфати како хоби, а не како натпревар. Како мајка му кажав дека го сакам, дека сум горда, но и да не заборави дека го гледаме и да се потруди да не ни прави непотребан стрес. На крајот се испадна одлично, одлично возеше“ вели Драгана.
Мирковиќ вели дека не би сакала нејзиниот син да биде професионален возач.