Како и сите други видови храна, така и кафето има свој рок на траење. Рокот на траење се разликува во зависност од тоа дали кафето е затворено или отворено.
Пржените зрна кафе траат еден месец, додека пак меленото кафе што е затворено може да трае од три до шест месеци. Отвореното мелено кафе може да стои најмногу две недели.
Затвореното инстант кафе, доколку е на темно место може да стои до 6 месеци, а откако ќе се отвори ова кафе може да стои до година дена. Кафето што се става во кафемат најдобро е да се употреби во рок од три месеци по отворањето.
Многу лесно може да препознаете дали на кафето му истекол рокот на траење. Рокот е истечен доколку има промена во миризбата и промена во бојата.
Исто така многу е важно да внимавате да не влегува вода или влага во кафето. Ако кафето се навлажни најдобро е да го фрлите.
извор: Курир.мк