Радио Милева

Дарко Лазиќ на роденденот ја нападнал свршеницата: „Дај да видам со кој ме изневеруваш“

Дарко Лазиќ на роденденот ја нападнал свршеницата: „Дај да видам со кој ме изневеруваш“

Дарко Лазиќ организираше забава по повод 21 роденден на неговата свршеница Марина Гагиќ.

Меѓутоа, како што пренесува извор кој бил на прославата, Дарко направил љубоморна сцена дотолку што Марина почнала да плаче.

„На почетокот од вечерата се беше супер. Дарко се потруди да ја направи среќна. И пееше, ги покани најблиските, нејзините роднини, кумови. Имаше и да се јаде и да се пие, убавини“ тврди изворот и додава:

фото: принтскрин/инстаграм

„Меѓутоа, во еден момент не знам што му стана на Дарко. Изгледа ја виде Марина да се допишува со некој, па помисли дека станува збор за некој додворувач. Па, почна да вика: „Дај ми го телефонот да видам кој ти пишува. Да не видам дека ме изневеруваш. Како можеш да гледаш во телефонот додека имаме гости. Дај да видам кој ти честита роденден. Немој да ми „набиваш рогови“ како и Ана“ раскажува изворот и продолжува:

фото: принтскрин/инстаграм

„Марина се исплаши, само му го даде телефонот и седна. И секако немаше ништо. Само пораки со другарки. Дарко ја молеше да и прости. Јас го разбирам, се и сешто се пишуваше кога беше со Ана. Многу е љубоморен“ тврди изворот.

За потсетување, Марина и Дарко претходната година во јуни го добија синот Алексиј.

To top