ОВЕН
Се уште чувствувате мала блокада, не сте доволно ангажирани како што инаку би сакале. Веројатно, среда и четврток ќе ви бидат многу зафатени денови и предодредени за пари. Ангажирајте се колку што е можно повеќе со работи кои бараат длабока анализа, истрајност или разни испитувања. Ова не е добар временски период за лесна заработувачка.
Љубов
Партнерот ви верува, иако петокот и викендот се аспектирани како многу ладен емотивен период. Среда, може да биде емотивно подобар ден за сите слободни слободни членови на оваа соѕвездие.
Здравје
Проверите го урогениталниот тракт.
БИК
Работа
Мора да работите уште една работа, дополнително. Тоа ве вознемирува, затоа што го одзема вашето драгоцено слободно време. Вие не сте секогаш расположени да соработувате со други, но ќе мора да се смените. Помошта доаѓа од Близнаци, Рак, Риби.
Љубов
Се уште можете да доминирате во полето на љубовта, бидејќи вашиот владетел Венера има навистина голема шанса да го освои кого ќе посакате…Вие сте чувствителни и трпеливи, тоа му одговара секому, така што имате успех. Ако сте осамени, побарајте ја вашата идеална половина на тивки места, како библиотека, читална, скромни ресторани до вода …
Здравје
Обрнете внимание на долниот дел од ‘рбетот кој е многу чувствителен.
БЛИЗНАЦИ
Работа
Одлична недела за работа и започнување на некои нови идеи. Не е тајна дека близнаците сакаат промени, иновации, некои нови случувања, но тоа знае да ги одведе во тотална конфузија доколку немааат некој постабилен знак покрај себе, што може да ги насочи. Еден Лав сака да придонесе за вашата работа. Може да имате успех со оваа личност.
Љубов
Емотивно сте на вистинскиот пат да се докажете во бракот. Ако сте во таа заедница, тогаш ќе бидете во многу пријатна енергија… Ако сте во врска, тогаш веројатно ќе размислувате за бракот и неговите бенефиции. Слободниите Близнаци мора да се релаксираат со добра музика.
Здравје
Сосема добро.
Големо оптеретување на полето на финансиите. Можете да поминете многу лошо доколку не сте доволно стручни во тоа што го работите. Всушност, овде повеќе се работи за искуство. Лавот или работи или не работи. Но, тоа е секогаш проблем кај ова соsвездие, бидејќи кога мисли дека може да помине половично, обично неговата состојба се влошува. Не инвестирајте во големи деловни проекти, затоа што сега не е време за тоа. Вие би можеле да се посветите на бизнис, поврзан со недвижен имот.
Љубов
Добар период за слободниот Лав кој има можност да запознае една Шкорпија во петок или сабота. Лавот во брак, може да биде задоволен со животот што го води.
Здравје
Внимавајте на ишијасот.
ДЕВИЦА
Работа
Вашиот владетел Меркур, стагнираше на многу полиња, особено на полето на работата и соработката со другите. Треба да се свртите кон подобри деловни контакти, особено на соработка со водени знаци кои ви одговараат по сензибилитет, бидејќи тие се интуитивни и можат да придонесат за вашиот напредок и бизнис.
Оставете го на страна проблемот со вашиот партнер. Не сте концентрирани за да можете да се справите со разни препирки или безусловни разговори кои ве заморуваат.
Здравје
Сосема добро.
ВАГА
Работа
Визиите не се поволни за вас. Како да се чувствувате безволно,малодушно. Како да не сте таа старата весела Вага, која покренува сè околу себе. Тоа е аларм, мора да промените нешто. Вие долго не сте ја почувствувате промената која ви е потребна. Дали ли сте подготвени да започнете сега, одлучете сами за себе, но не потпаѓајте под сугестии на другите.
Љубов
Колку сте расположени, сами си знаете кога љубовта и емоциите се на ред. Секако, дека нема да пропуштите неколку добри забави во градот, но дали ќе бидете во центарот на вниманието?… тоа би било одлично, бидејќи така се чувствувате најдобро.
Здравје
Бидете расположени.
ШКОРПИЈА
Работа
Ако сте слободни, наскоро ќе се врзете со некој кој не е слободен. Тајната врска ви одговара. Наоѓате некоја смисла во криењето, тоа ве прави уште повеќе страсни. Шкорпијата во бракот има повеќе обврски на работа отколку во домот…
Здравје
Внимавајте повеќе на себе.
СТРЕЛЕЦ
Работа
Чувствувате голема одговорност кон вашата околина. Тоа по малку и ве оптеретува, бидејќи сте емоционално нестабилни да размислите за тоа сега. Сакате докажани проекти кои можат да ве кренат и да ве направат да се чувствувате подобро, постабилно и да имате пари со вас кога ви се потребни. Секогаш мислите за себе и за вашите задоволства. Веќе имате други планови каде што можете да бидете порелаксирани и да заработите повеќе.
Љубов
Стрелецот во брак, немаат некоја размена на страсти и емоции. Како да се чувствувате самодоволни, па дури и во љубовната врска со лицето до вас.
Здравје
Висок шеќер во крвта.
ЈАРЕЦ
Работа
Ви треба алтернативна заработка. Треба да се организирате сами или да побарате соработка од Водолија, која сигурно ќе ве упати во такви работи кои ќе го разбудат вашето внатрешното чувство. Дури и ако психолошки потклекнете, тоа ќе биде успех за вас, бидејќи таквата работа ќе ве ослободи и крене од досада и осаменост.
Љубов
На емотивно поле, можете повеќе да се посветите на љубовната врска со една Вага. Вие многу добро се познавате и привлечноста е голема. Проблемот е во тоа што Вагата сака додоворување, внимание, постојано опкружување, додека вие сте понекогаш мрзливи за таков вид на додворување.
Јарецот во брак, мора да обрне внимание на куќата, станот и домот во кој живее, бидејќи може да има одредени проблеми од законско-правна страна.
Здравје
Добро.
ВОДОЛИЈА
Работа
Вредноста на една Водолија, знаење и способност се поголеми отколку што мислите. Многумина ве понижуваат затоа што немаат таква моќ како вас. Соработката со Риба, Рак и Близнаци може да биде корисна. Веројатно ќе изиритирате некој соработник, што може да доведе до прекинување на деловната соработка. Вие немате намера да го направите тоа, но сепак обрнете внимание на самата комуникација.
Љубов
Имате одлична емотивна врска со партнерот, која од ден на ден станува се подобра и среќата ве прати низ сето она што се случува околу вас.
Здравје
Големи тензии.
РИБИ
Работа
Треба да одлучите и да ја продолжите соработката со еден Бик, кој многу сака сè да држи во свои раце. Имате тешка одлука, но прифатете ги добрите работи од таа соработка. Бикот е стабилен, знае со пари, има трпеливост што вам навистина понекогаш премногу ви недостасува. Рибите знаат понекогаш да бидат многу чудни, иако се благи, но знаат да се претворат во неподнослива личност која постојано им треба нешто.
Љубов
Така е понекогаш во љубовта. Ако сте слободни се препуштате на емоциите, ако сте во брак, очекувате партнер кој ќе се жртвува за вашите идеи.
Здравје
Можни проблеми со тироидната жлезда.
извор:дивианартс.мк