Наташа Беквалац гостуваше во емисијата „Амиџи шоу“, а во истата се вклучи и нејзината поголема ќерка Хана Икодиновиќ.
„Јас сум многу горда на Хана. Сега влегуваме во една фаза на „критичните години“, има 13 години и е груба, само што јас заборавив како изгледав на тие години, па се ми е страшно. Немам стравови, не ме доведе во ситуација да се разочарам во неа. Се во граница на нормалата“ вели Беквалац.
„Прекрасна е, нежна, искрена“ вели Хана во интервјуто.
Ќерката на Ната тврди дека нејзината мајка е строга, дека ја следи, го хакира нејзиниот мобилен телефон, лаптоп, Инстаграм.
„Не знам како успева во тоа. Мојата мајка е хакер“ вели Хана.
На прашањето дали нејзините врсници ја гледаат како дете на возрасни родители, Хана вели:
„Старите другари веќе се навикнати, познавам многу деца и многу им е чудно. Ме прашуваат каква мајка е. Им се допаѓа нејзината нова музика. Најмногу ја сакам „Мала плава“ и „Доџи мами“. Луѓето велат дека јас сум го наследила талентот на мајка ми, јас сакам да бидам пејачка. И реков дека ако и на 16 години сакам да бидам пејачка, ќе бидам“ вели Хана.
Хана постојано ја има на социјалните мрежи, а не ретко е и модел во некои детски модни фотосесии.