Радио Милева

По два дена од нејзиниот роденден, Тијана Дапчевиќ повторно имаше повод за славење (фото)

По два дена од нејзиниот роденден, Тијана Дапчевиќ повторно имаше повод за славење (фото)

Македонската пејачка со белградска адреса на живеење, Тијана Дапчевиќ пред неколку дена го прослави својот 44 роденден.

По тој повод на нејзиниот „Инстаграм“ пристигнуваа честитки од сите страни, а пејачката роденденски се почести со една ласерка интервенција на вените на нозете.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/chestitki-pristignaa-od-site-strani-tijana-dapchevikj-imashe-ubav-povod-za-slavenje-foto/

Меѓутоа, само неколку дена по нејзиниот роденден, Дапчевиќ повторно има повод за радување и славење, а  станува збор за роденденот на нејзиниот син, Вук кој наполни 11 години.

Тијана на својот „Инстаграм“ објави фотографија од своето најмило, а во описот на истата напиша:

„11. Среќен роденден моја најголема радост, да си здрав и среќен, те сакаат мама и тато“.

фото: принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Македонската пејачка на социјалните мрежи се пофали дека подготвила торта за нејзиниот син, па заедно  ја отпејаа „Happy birthday“.

фото: принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Таа го замоли Вук да си замисли желба и да ги дувне свеќичките, а Вук ја послуша мама, па си замисли роденденска желба.

фото: принтскрин/инстаграм/тијанадапчевиќ

Инаку, Тијана неколку пати досега има изјавено дека би сакала уште еднаш да се реалзира во улогата на мајка.

За потсетување, Тијана е во брак со Милан Дапчевиќ, а како што истакна во една прилика тие започнале да живеат по 4 дена познавање и оттогаш се неразделни.

To top