Радио Милева

Ќе го памети цел живот: Драгана Мирковиќ не можела да поверува какво изненадување добила од сопругот

Ќе го памети цел живот: Драгана Мирковиќ не можела да поверува какво изненадување добила од сопругот

Со спектакуларниот концерт на Копаоник, Драгана Мирковиќ покажа зошто важи за најголема музичка ѕвезда во регионот.

По завршувањето на настапот, Мирковиќ и нејзиниот сопруг Тони Бјелиќ се препуштиле да уживаат во ова планинско место.

Мирковиќ за стори.рс откри какво изненадување добила од Тони.

Дали е точно дека сопругот ве однел во ресторанот на Панчичев врв и таму ви подготвил изненадување?

„Да, точно е. Целиот објект кој е во сопственост на наш пријател, го резервирал за нас двајца, па во мир, покрај камин уживавме во специјалитетите. Тони и јас обожаваме да си приредуваме изненадувања. Не мора да бидат големи гестови, доволно е мал знак на внимание или порака“ вели Мирковиќ.

фото: Приватна архива

Мирковиќ истакна дека за 20 години брак никогаш не се скарале, ниту пак дека си премолчуваат работи еден на друг.

„Од првиот ден се разбравме без многу зборување. Слично размислуваме, така да никогаш нема недоразбирања. Од друга страна, ние многу разговараме. Мислим дека многумина би биле во шок кога ќе ги видат нашите пораки. Се уште се допишуваме како заљубени тинејџери“ вели Мирковиќ.

фото: ата имагес

На прашањето дали има некои ритуали кога се сами, пејачката вели:

„Пред се, ние имаме фантастична комуникација и многу лесно се договараме каде и кога ќе одиме“ вели фолк дивата.

Драгана и Тони од бракот заедно имаат две деца, односно синот Марко и ќерката Мануела, а наскоро семејството ќе се пресели во нивниот дворец во Виена.

To top