Радио Милева

По шпекулациите дека бившата на Лукас е во врска со турски милионер, се појавија и првите фотографии

По шпекулациите дека бившата на Лукас е во врска со турски милионер, се појавија и првите фотографии

Поранешната на Аца Лукас, Соња Вуксановиќ наводно е во врска со турскиот пејач Озкан Сен кој поради неа дошол во Белград.

Поп ѕвездата која на „Инстаграм“ ја следат повеќе од еден милион следбеници наводно успеал да го освои срцето на Соња.

„Озкан е милионер, многу е популарен во Турција и има цела компанија која работи во Европа, па и во Дизелдорф. Пред три години во Дизелдорф ги спои заеднички пријател и Озкан на прв поглед „откачи“ на неа. На пријателот му кажа дека нема да се смири додека не ја освои“ вели добро известен извор.

фото: Принтскрин/јутуб

Имено, екипата на „Папрацо лов“ го следела Сен кој дошол во српската престолнина за да се види со Соња.

Озкан е сместен во еден белградски хотел во кој една ноќ чини повеќе од 100 евра, а отаму заминал во едно кафуле во населбата каде што Соња има бутик.

фото: Принтскрин/јутуб

По неколку минути се појавила и Соња. Вуксановиќ и Сен заедно со еден пријател седнале на пица и разговарале.

To top