Живот и Стил

Лекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!

Лекарите советуваат: Ако ви е затнат носот, во никој случај немојте да го „дувате“!

Затнатиот нос и притисокот во главата најчесто се резултат на инфекција која предизвикува отекување и стеснување на крвните садови во носот, па често „дувањето“ на носот само ги влошува нештата, создавајќи иритација и подуеност на ткивата.

Повеќето антибиотици имаат многу мал ефект врз намалувањето на симптомите на воспаление на синусите, што е особено често заболување во есен и зима, покажа неодамнешната студија на Американското здружение на лекари.

Првата работа што треба да ја направите е да ги идентификувате причините за вашите проблеми со синусите. Причината може да биде воспаление предизвикано од бактерии или вируси, но и алергии.

За разлика од вирусно воспаление или алергиите, бактериите предизвикуваат треска, па доколку не преземете нешто за да ја оптимизирате состојбата, таа може да прерасне во хронично воспаление на синусите. Затнатиот нос и притисокот во главата најчесто се резултат на инфекција која предизвикува отекување и стеснување на крвните садови во носот, а не се настанати поради слузта од синусите, објаснува британскиот отоларинголог д-р Ајах Ал Ајуби.

Не само што „дувањето“ на носот не помага за отворање на дишните патишта, туку бројни студии докажале дека принудното дување може да предизвика ширење на инфекцијата. Доколку мора да го „издувате“ носот најдобро е да го сторите тоа нежно низ една, па потоа низ другата ноздра – советува д-р Ајоби.

Навлажнете го воздухот
Најчеста причина за отежната назална конгестија и отежнатото дишење низ носот е бидејќи ноќе воздух е посув во загреаните простории, а тоа ги оштетува мукозните мембрани на носот. Лесно решение е да поставите навлажнувач на воздухот.

Ако преферирате природни решенија, поставете влажни крпи или садови со вода на радијаторите, па тоа исто така, ќе ви помогне за одржување на влажноста во просторијата.

Што е можно почесто, проветрувајте ја просторијата во која спиете, намалете го греењето или сопрете го преку ноќ и тоа ќе ви го олесни спиењето и дишењето преку носот.

Лутата храна е брзо решение
Лутите пиперки, лутата чорба или супата со вкус на пиперки се брзо решение за отворање на дишните патишта, особено ако јадете луто. Хемиското соединение капсаицин во лутата храна ќе ви го одзатне носот, па најдобро е да јадете ваква храна навечер, бидејќи тогаш се појавуваат проблемите.

Може да ви помогне и кромидот кој треба да го исечкате и помирисате, па тој покрај солзите, ќе предизвика и одзатнување на носот.

Слично дејство има и црниот ким, чие семе треба да се сомели и да се завитка во газа, а ќе има сличен ефект. Ставете ја газата блиску до ноздрите и земете длабок здив, но внимавајте, затоа што тоа ќе предизвика и мало пецкање покрај одзатнувањето на носот.

Инхалации
Вдишувањето на пареата на водата е одличен помошник во олеснување на напнатоста во синусите и прочистување на дишните патишта. Покрај тоа, пареата ќе ја навлажни иритираната слузница, предизвикувајќи одзатнување.

Едноставен рецепт за раствор за инхалација е да растворите 10 грама сол во 100 милилитри зовриена вода, а овој рецепт е безбеден и за астматичари.

Вториот вид раствор се подготвува со ставање половина главица лук, две капки есенцијално масло од чајно дрво и 3 капки есенцијално масло од еукалиптус во четири децилитри врела вода. Можете исто така да додадете две до три капки мајчина душица, рузмарин и масло од лаванда во водената пареа.

Плакнење на носот
За да го подготвите растворот за плакнење, потребна ви е дестилирана вода, кујнска сол, сода бикарбона и пумпа за нос или пластична инјекција, што можете да ја купите во аптеките. Измешајте половина лажичка сол со две чаши млака вода и прстофат сода бикарбона.

Ставете го растворот во инјекција и исплакнете го носот над мијалникот. Додека го правите ова, дишете со устата. Ако користите пумпа, постапката е иста, а потоа нежно избришете го носот по плакнењето.

Подигнувањето на главата може да ви помогне
Ако сè уште ги чувствувате симптомите на затнат нос ноќе, обидете се да ставите повеќе перници под главата. Ако главата е поткрената во однос на срцето, носните синуси се со помала веројатност да се затнат и слузта полесно истекува.

  1. Она што не треба да го правите:
  2. Избегнувајте шмркање и повлекување на слуз назад во носот;
  3. Избегнувајте алкохол и цигари бидејќи тие само ќе го влошат проблемот;
  4. Немојте силено да го „дувате“ носот бидејќи ова ќе предизвика уште поголемо затнување;
  5. Не го притискајте челото силно ако имате затнат нос бидејќи ова само уште повеќе ќе ги стимулира синусите;
  6. Не пијте антивоспалителни лекарства освен ако имате и други симптоми покрај течењето на носот;
  7. Немојте постојано да користите капки за нос.

извор:кафепауза.мк

To top