Во „Sвездите на Гранд“ никогаш не е мирно. Атмосферата на жирито се вжештува како што се зголемува конкуренцијата. Во најновата расправија, Јелена Карлеуша ја извади бубачката (малиот прикачен микрофон) и повторно го напушти снимањето.
„Драги мои, можете да ги слушнете овие коментари кои се потценувачки и злонамерни за мене. Срамота е“ – им рече Драган Стојковиќ Босанац на своите кандидати, алудирајќи на критиката на жирито кон натпреварувачите дека всушност е насочена на негова адреса.
„Нема да добиеш глас во следниот круг, ако не го поправиш тоа“ – му рече Марија Шерифовиќ на еден од кандидатите на Јелена Карлеуша, на која пејачката веднаш возврати.
„Добро, можам веднаш да кажам дека никој од вашите кандидати нема да добие глас од мене“ – вресна Карлеуша.
„Е баш ме заболе онаа работа! Ним и не им треба твојот глас!“ – возврати Марија на нејзин начин, на што Босанац ги пресече со зборовите:
„Доста е, торковци едни, стоп!“
Токму тој го предизвика и следниот конфликт, смеејќи и се на Јелена, која беше на работ на солзи, очигледно заради неправдата што им се нанесе на нејзините кандидати.
„Ќе има солзи, ќе имааааа…“ – низ широка насмевка и се подсмеваше Босанац на Карлеуша која вадејќи ја бубачката, стана и се подготвуваше да го напушти студиото.
„Мрш“ – грубо му подвикна таа на Босанац, кој уште погрубо и возврати со истите зборови: „Мрш ти…!“, по што Карлеуша си замина од снимањето!