По подолгата пауза, кон крајот на минатата 2019 година, некогашните битолски панкери, денес поп-рок бенд со висок рејтинг, „Паркети“ се вратија на сцената со нова песна, насловена „Е*иветер“.
Препознатливи по својот едноставен базичен рок ен рол звук, начинот на музицириња, имиџот, изгледот, начинот на живот, прилепската дружина и новата 2020 ја започнува со нова песна. И тоа со зимски наслов, кој раскажува животна приказна и опишува нечиј карактер. Иако годинава снег не падна, „Паркети“ ја извадија својата „Санка“!
Неодамна го завршија снимањето и постпродукцијата и заедно со видеоспотот ја објавија на “Јутуб“ како втор сингл, кој го најавува новиот албум.
Музиката и текстот се на Симс Себастијан Паркет, песната е снимена во студио ателје “Даниел Митревски“, а придружните вокали ги пее Ирена Димовска.
Видеото го изработила продукцијата „Концепт“, а режијата ја потпишува Кети Талевска. Во него покрај членовите на бендот главната женска улога ја има моделот Софи Мицкоска.
Кој завршил со „месечината на дланка“, а кој „насанкан“, проследете во продолжение: