Дали некогаш сте забележале што сè се наоѓа во количките со храна која се служи во авионите? Дали сте забележале дека има сок од домати? Зошто луѓето пијат ваков сок во авионот, а не сок од јаболка или праска?
Едноставно кажано, се менува вкусот додека сте во воздух и постои биолошка причина за тоа.
Доколку јадете нешто пред вашиот лет, веројатно знаете каков вкус има. Но, откако ќе полетaте вашето сетило за вкус се менува и не е исто какo кога сте на Земјата. Многу фактори во авионот влијаат на вашето сетило на мирис, а тоа влијае и на сетилото за вкус, пренесува Business Insider.
Да почнеме од кабината каде што воздухот е екстремно сув. Таа е посува и од некои пустини. Поради условите во кабината се сушат носните празнини, а тоа влијае на сетилото на вкус и мирис.
Но, тоа не е едниствениот дел од внатрешноста на авионот каде што се намалува вашето сетило за вкус. Нискиот притисок во кабината го намалува нивото на кислород во вашата крв, па делот од мозокот кој реагира на мирис станува помалку чувствителен и тоа го ослабнува вашето сетило за мирис.
Бучавата којашто доаѓа од моторите исто така не помага на вашите сетила. Студијата од 2010 година го тестираше сетилото за мирис на луѓето внатре и надвор од авионската кабина.
Истражувачите открија дека сетилото за слатка и солена храна се намалува за 30% кога сте во кабината.
Ова е голем проблем за авионскиот кетеринг бидејќи мора да го прилагодува секој рецепт бидејќи патниците постојано се жалат дека храната е невкусна.
Некои авиокомпании ги збогатуваат јадењата со специфични зачини кои ги ставаат наместо сол.
Но, зошто се пие и сок од домати?
Сокот од домати има киселкаст вкус кој се нарекува умами. Умами или солен вкус (јапонски: うま味) е еден од петте основни вкусови (заедно со сладок, кисел, горчлив и солен). Тој е опишан како солен и е карактеристично за супи и варено месо. Овој вкус е зголемен во воздухот.
Наредниот пат кога ќе патувате со авион, пробајте сок од домати за да се уверите и самите.
извор: Кајгана