Нашата млада и прспективна пејачка Антониа Гиговска денес има голем ден – нејзиниот роденден.
Таа денес (21-ви јануари) полни 19 години, одосно последната од тинејџерството. Неодамна уживаше и се релаксираше во Банско, а потоа и во Италија заедно со своето момче Иван, а сега мислите и се окупирани само со музиката и новата песна која се очекува да излезе наскоро.
„Крива сум“ е насловот на најновото од Антониа, која веројатно од многу мислење за новиот сингл, за малку ќе беше виновна во реалноста, бидејќи како што вели самата ќе го заборавела својот роденден.
Откако го напиша ова, фановите и порачаа дека не е виновна за ништо, и напишаа лавина од роденденски честитки со искрени желби до славеничката.
И онака велат дека годините се само број, а пак толку млада и не мора да ги мисли, но секако добредојдено е славењето за овој нејзин ден.
Како ќе го помине и какви изненадувања ја очекуваат од саканите – останува да видиме… А ние и посакуваме успешна песна како и претходните – среќен роденден!