Радио Милева

Славица Чуктераш конечно ја откри причината за разводот: „Владо не сакаше незадоволна жена“

Славица Чуктераш конечно ја откри причината за разводот: „Владо не сакаше незадоволна жена“

Од пред некое време во српските медиуми се шпекулира дека пејачката Славица Чуктераш се разведува.

Таа многу не сакаше да ги коментира написите, но сега потврди дека е разведена од сопругот Владимир Абрамов.

Како што вели, најважно и е што нејзината ќерка Викторија ги има двајцата родители.

„Нема тука ништо сензационално, омажена, разведена, зарем е важно? Најважно е дека детето ги има обајцата родители бидејќи кога имаш дете, преоритетите се менуваат. Иако, не сакам да зборувам, Владо е прекрасен татко, човек и моја поддршка“ вели пејачката и додава:

фото: Принтскрин/инстаграм

„Викторија има три години. Јас сакав да се вратам на работа. Владо не сакаше незадоволна жена. Се договориме секој да тргне по својот пат за да детето има среќни родители. Разводот го договоривме во минута ипол. Двајцата се чувствува фантастично. Повеќе од една година не сме заедно“ вели Славица.

фото: Принтскрин/инстаграм

Како што вели, пред разводот се договорила со сопругот што е најдобро за нивната ќерка.

„Драго ми е што со таков човек имам дете. Подобар е 100 татковци заедно. Ние седнавме, разговаравме и сфативме што е добро за нашето дете“ вели Чуктераш.

To top