Собните билки исто така имаат лековити дејства. Тие влијаат позитивнo на некои здравствени состојби како настинка, стрес, го подобруваат расположението и ги намалуваат шансите за развој на некоја алергија.
Настинка
Собните температури го зголемуваат нивото на влага во воздухот, ја намалуваат прашината, а болестите поврзани со настинка се помали за 30 отсто.
Стрес
Цвеќето поттикнува состојба на благосостојба и влијае на тоа луѓето да бидат смирени и оптимистични. Покрај тоа, за билките е веќе познато дека го намалуваат крвниот притисок, а со самото тоа и стресот.
Главоболка
Билките произведуваат кислород и го намалуваат нивото на јаглен диоксид во воздухот, па ако ги чувате во својот дом помала е веројатноста дека ќе вдишете воздух, кој придонесува за појава на главоболка.
Алергија
Ако децата уште од рана возраст ги изложите на некои билки кои се поврзани со алергии, тоа може да биде еден вид на вакцинација, која ќе помогне при зајакнувањето на имунитетот на децата.
Проблеми со респираторниот систем
Еукалиптус помага при проблеми со дишењето, односно помага при грип и бронхитис и претставува природен антисептик.
Несоница
Некои собни билки испуштаат кислород во текот на ноќта, па најдобро е да ги ставите покрај кревет, за да имате свеж воздух во текот на сонот.