Вкусно рижото со песто сос од рукола и ореви…
СОСТОЈКИ:
1 шолја арборио ориз
3 шолји вода
3 раце рукола
1/2 шолја ореви
1/2 шолја пармезан
1/2 шолја маслиново масло
2 чешниња лук
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Оризот динстајте го на малку маслиново масло, постојано мешајќи. Додајте вода и гответе поклопено на слаб оган 13-15 минути.
Со миксер иситнете ги сите останати состојки така што ќе добиете песто. Песто сосот потоа измешајте го во оризот и по потреба додајте уште малку вода или масло.
Добар апетит!
извор:готви.мк