Пред околу еден месец, односно кон крајот на 2019 година, младата и шармантна актерка од Македонскиот народен театар, Нина Деан, откри дека во животот и се случило чудо од кое чувствува неизмерна среќа.
Имено, таа за домашните медиуми откри дека чека дете заедно со нејзината прва љубов, Мартин, со кој по повеќе години животот повторно ги споил, а дека судбината имала план за нив, потврда е и плодот на нивната љубов кој таа го носи во стомакот.
-Никогаш не било вака и сигурна сум дека Мартин се појави за да го исцртаме и затвориме кругот. Не се двоиме, се смеееме, се сакаме, едноставно знаеме дека сме еден за друг и тука нема некоја философија. Среќата не одбра нас а и ние неа. Бебето само е потврда дека нештата се таму каде што им е местото, вели Нина за „7 дена.мк“.
Дали бебето ќе биде момче или девојче, актерката се уште не открила, но затоа пак го покажа голото нараснато трудничко стомаче со фотографија која ја објави на својот Фејсбук, а истата ја опиша како „безуслвно“.
Стотици лајкови и коментари се редеа под објавата, а меѓу нив и коментар од нејзиниот очув, Кирил Поп Христов, кој само кратно напиша „А ааа“, а тоа за Нина беше доволно за да му возврати со: „ Е еее… Ахаааа“ дополнувајќи со насмеани емотикони и срциња.
За потсетување, Нина покрај работата во МНТ, пред неколку месеци ја гледавме и во улога на водителка на македонското музичко шоу за таленти „Ѕвезда број 1“, додека најсвежо од нејзините ангажмани на телевизија е малата улога во една од епизодите на серијата „Преспав“ каде беше претставник на банка.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/doagja-ushte-edno-angelche-gordana-dean-pop-hristova-povtorno-kje-stane-baba-no-ovoj-pat-od-prvata-kjerka-foto/