Сте имале напорен ден, сте дошле дома „мртви“ уморни и почнувате да чувствувате дека ќе се разболете?
Не се предавајте доколку почне да ве гребе грлото, да кивате и да ве боли главата – ви претставуваме четири начини да ја спречите настинката или барем да ги ублажите симптомите.
Испијте цинк
На секои неколку часа, сè додека ги чувствувате симптомите, земете таблета цинк ацетат или цинк глуканат. Цинкот важи за некрунисан крал меѓу минералите. Успешно се бори против вирусите, бактериите и настинките.
Изедете пилешка супа
Топлата пилешка супа ќе му помогне на вашиот организам, кој е ослабен од симптомите на настинката, да закрепне. Доколку во супата додадете разни видови на зеленчук, како магдонос, лук, спанаќ и слични намирници, ќе добиете хранлива бомба која ги победува сите причинители на настинката и грипот.
Земете витамин Ц
Штом ги почувствувате првите симптоми на настинка, напијте се витамин Ц и продолжете да го внесувате додека симптомите не престанат. Препорачаната дневна доза за возразни во просек е по 1 грам витамин Ц на ден. Секако, најдобра варијанта е овој витамин да го внесете од природен извор, во вид на портокал, цитрон, киви, пиперка.
Наспијте се
За време на спиењето, имунолошкиот систем ослободува протеини кои се борат против инфекции. Покрај тоа, колку сте поодморени, на телото полесно му е да им се спротистави на вирусите и воспаленијата. При тоа, обидете се да ги отспиете препорачаните осум часа на ден. Имено, доколку спиете само по 5 или 6 часа, имате 4 пати поголеми шанси дека ќе се разболете за разлика од некој кој спие по 7 или повеќе часа.
извор:боза.мк