Таткото на Меган Маркл, Томас Маркл може да биде поканет за да сведочи против војвотката за случајот „Mail on Sunday“.
Имено, таблоидот и издавачката куќа “Associated Newspapers” се обвинети за објавување на приватното писмо кое војвотката го испратила на својот татко во август 2018 година.
Весникот ќе тврди дека објавувањето на писмото е лигитимно бидејќи постои јавен интерес за членовите на кралското семејство.
„Mail on Sunday“ ќе ги има доказите на Томас Маркл тврдејќи дека тој имал право да ја раскаже својата верзија, она што се случило меѓу него и неговата ќерка, вклучувајќи ја и содржината писмото.
Згора на тоа, во изминатиот период се покажа дека Томас веќе им ги давал на адвокатите приватни пораки од нивните меѓусебни разговори, пред нејзината венчавка.
Имено, Меган и нејзиниот татко може да бидат поканети да сведочат еден против друг.
Авокатската канцеларија која ја застапува Меган Маркл во октомври поднесе тужба поради злоупотреба на приватни податоци и кршење а авторски права.
Таблоидот тврди дека Меган не можела да очекува дека писмото и приватно, а така и ќе остане.
Магазинот „People“, пишуваше дека Меган на Томас му пишала: „Тато, моето срце е скршено. Те сакам. Имам само еден татко. Престани да ме жртвуваш во медиумите за да може да го поправиме нашиот однос“.