Фолк пејачот во последните неколку дена не може да се одбрани од пораки на социјалните мрежи, а со кои жените му нудат интимни односи.
Припадничките на понежниот пол на сите можни начини се обидуваат да дојдат до пејачот. Некои се појавуваат на неговиот настап и со нетпрение очекуваат да заврши за да се фотографираат, додека пак други преку социјалните мрежи се обидуваат да дојдат до својот миленик.
За да го привлечат вниманието, обожавателките му нудат и секс, му праќаат фотографиите на кои се голи, а го молат и да му платат за да поминат една вечер со пејачот.
„Лукас е вистинска мета за жените. Секојдевно добива по 100 пораки на Инстаграм. Не може да верува што му пишуваат и што му праќаат. Некои одат до толку далеку што доаѓаат пред зградата само за да се запознаат со пејачот. Тој е слободен, но од жените не може да се одбрани. Да не ви зборувам какви пораки добива. Некои од нив се: „Дојди кај мене, сама сум,мажот ми е на пат“, „Ќе ти платам само да ја помине ноќта заедно“, „Ајде после настапот да се најдеме во хотел, само кажи каде си сместен“. Тоа се само некои од пораките. Сите изгледаат како од насловни страници“ тврди пријател на Лукас.
И самиот пејач неодамна откри дека добива безобразни пораки на социјалните мрежи.
„Ако е некој убава, културна порака, одговарам. А ако добивам пораки како што се: „Побарај ме“, „Дојди“, „Ожени ме“….Ако сакаш убави жени покрај себе, мораш да имаш нерви за тоа. Има многу поубави мажи од мене, но знам дека ме бараат бидејќи сум Аца Лукас и затоа што сакат нешто со мене, а не затоа што сум убав. Да се разбереме, јас сум многу добар фраер биејќи сум шармантен, паметен….А не сум убав“, изјави Лукас во едно од интервјуата.