Радио Милева Адреналин, љубов, забава...

Гавазова е опасна жена во било која шема: Пејачката го топи снегот под скиите во Банско (фото)

Гавазова е опасна жена во било која шема: Пејачката го топи снегот под скиите во Банско (фото)

Ако во лето на социјалните мрежи изобилуваат фотографии од плажа, месец јануари е периодот кога изгледа како буквално секој да заминал на зимување на планина.

Снежната белина е во прв план, а најчеста дестинација на познатите Македонци е Банско во Бугарија, но не е исклучено ниту нашето убаво Маврово и Попова Шапка.

Скијањето не е спортска активност за која е создаден секого, но оние вештите кои притоа се и големи љубители, не се симнуваат од скиите, интензивирајќи го адерналинот.

Пејачката Сузана Гавазова заедно со сопругот и ќерките моментално е во Банско каде е препуштена на комплетно уживање, ослободена од сите обврски, мисли, па дури и од шминката…

Облечена во скијачка спортска опрема, Сузе покажа дека е опасна жена и додека скија и доминира на патеката.

Сопругот Јасмин е таму за тоа да го долови со камера, а ќерките да ја бодрат мама за уште едно спуштање…

Вечерта пак, тука се многуте барови и ресторани, каде пејачката во романтична атмосфера и храна го завршува исполнетиот ден со саканиот.

Ако се уште не сте испланирале каде и кога ќе го поминете вашиот зимски одмор, веруваме дека многуте фотографии од планинските предели ќе ве мотивираат да ја направите својата агенда што побрзо.

To top