Живот и Стил

Празници “во чаша”: Варено вино по рецепт на Џејми Оливер

Празници “во чаша”: Варено вино по рецепт на Џејми Оливер

За време на празниците, малку работи можат подобро да ве опуштат од домашно варено вино.

Испробајте го овој супер рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер и дозволете домот да ви замириса на вистинска зима.

Потребни состојки:

– 2 мандарини

– 1 лимон

– 1 лимета

– 200 гр. шеќер

– 6 каранфилчиња

– 1 стапче цимет

– 3 ловорови листови

– 1 мускатно оревче

– 1 стапче ванила

– 2 шишиња црвено вино

– 2 ѕвездички анис

Начин на подготовка:
1. Измијте го лимонот, лиметата и мандарините, а потоа грубо излупете.

2. Ставете го шеќерот во поголемо тенџере, на средна температура, додадете ги парчињата кора од цитрусите и исцедете ги нивните сокови.

3. Потоа додадете ги каранфилчињата, стапчето цимет и ловоровите листови и изрендајте малку мускатно оревче (10 до 12 потези). Стапчето ванила пресечете го по должина, додадете го и ставете доволно вино за да го покрие шеќерот.

4. Мешајте на среден оган додека не се растопи шеќерот, а потоа зголемете ја температурата и оставете да врие околу 4-5 минути, додека не добиете смеса како густ сируп.

5. На крајот, додадете ги ѕвездичките анис и остатокот од виното и на тивок оган гответе уште 5 минути.

6. Виното служете го топло.

извор:точка.ком.мкваре

To top