Една Сончeва година трае отприлика 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Овие дополнителни нешто повеќе од 5 часа се токму причината зошто постојат престапни години. Годините со 366 дена ги поттикнуваат жените да ги запросат мажите и ги прават роденденските прослави многу збунувачки за некои луѓе.
Ова се неколку причини поради кои 29-ти февруари е поинтересен отколку што мислите.
Престапна година и “престапна секунда”
Целта на престапните години е да помогнат во прилагодување на Грегоријанскиот календар кон соларниот и да обезбедат настаните како пролетната рамноденица да се случуваат “навреме”. Меѓутоа, дури ни дополнителниот ден во февруари секоја четврта година не може да обезбеди потполно точна согласност, поради што научниците некогаш се повикуваат на “престапна секунда”
Престапната секунда всушност означува додавање на една секунда, што повремено се применува во координираното универзално време (UTC) за да се намали разликата помеѓу прецизното време кое го мериме со часови и непрецизното соларно време кое варира поради долготрајното забавување на Земјината ротација.
Како да знаеме која година е престапна?
Многу едноставно: ако последните две цифри од годината се деливи со четири (на пример: 2016, 2020, 2024 …), тогаш станува збор за престапна година. Годините кои го одбележуваат крајот на векот се издвоени од ова правило. Тие мора да бидат деливи со 400 со цел да бидат престапни години. Токму поради тоа 2000 и 2400 се престапни години, но 2100 нема да биде.
Зошто жените ги запросуваат мажите токму на 29-ти февруари?
Откако папата Григориј XIII го прогласил Грегоријанскиот календар во 1582 година, идејата за додавањето на 29-ти февруари на секои 4 години се чинела смешна. За таа цел во британскиот театар била направена комична претстава во која се вели дека жените треба да ги заменат здолништата со панталони за тој ден и да се однесуваат како мажи.
Претставата била означена како сатира, но дури до 18-тиот век жените го користиле токму овој датум за да ги запросат своите партнери. Традицијата која се нарекува “Денот на младоженците” го достигнала својот врв кон почетокот на 20-тиот век и денес продолжува да се применува во Велика Британија.
Раѓање, но и нешто друго
На светот постојат околу 4 милиони луѓе кои се родени на 29-ти февруари, а веројатноста дека некое дете ќе се роди токму на овој датум е 1:1.500.
Луѓето родени на 29-ти февруари имаат многу проблеми со одбележувањето на нивниот роденден, но се случува и некој да умре на тој ден. Според Енциклопедијата за светско наследство, Британецот Џејмс Вилсон кој во текот на животот станал осмиот премиер на Тасманија се родил на престапен ден и починал токму на престапен ден.
Попусти на 29-ти февруари
Во многу земји, трговците даваат големи попусти на овој конкретен ден. Затоа, обрнете внимание – можеби ќе имате шанса да го купите токму она што го посакувате по многу поволна цена.
извор: точка.мк