Ако не сте поставиле фотографија на Инстаграм, дали вашето зимување навистина се случило? Добро, знаеме дека сте биле, но секако е позабавно да ги споделите своите впечатоци со другите.
Од друга страна, ако сакате зимувањето покрај забава на снег да ви донесе и лајкови на социјалните мрежи, клучно е стратешки да ги направите тие фотографии.
За среќа, брендот за ски опрема “Good Trip Clothing” ги анализирал хаштаг податоците на речиси 20 милиони постови на Инстаграм од дури 225 ски центри ширум Европа и открил кои се меѓу најпопуларните на Инстаграм.
Победник е француски Шамони со повеќе од милион фотографии објавени на Инстаграм. Го следат швајцарски Цермат со малку помалку од 750.000 фотографии, а на трето место е Ливињо во Италија, со 474.000 постови.
Еве ја и листата на десетте најпопуларни зимски центри во Европа:
Шамони, Франција
Цермат, Швајцарија
Ливињо, Италија
Гриндевалд, Швајцарија
Вал Торенс, Франција
Сент Мориц, Швајцарција
Куршевел, Франција
Цугшпице, Германија
извор: точка.мк