Традиционално како и секоја година за Божиќните празници, Лепа Брена и Боба Живојонивиќ заминаа на патување.
За разлика од претходната година кога посетија неколку дестинации, овој пат Брена и Боба заминаа во Дубаи.
Пејачката на социјалните мрежи објави фотографија на која позира заедно со својот сопруг и предзвика лавина од коментари.
„Единствен пар без никаква афера…Ова е љубов…Секој пар треба да учи од вас“ е еден од коментарите.
Друштво на Брена и Боба им прави и нивната снаа Александра Пријовиќ, како и нејзината мајка Борка.
За потсетување, Лепа Брена за новогодишната ноќ пееше во Белград.