Според народните верувања, во престапната година, која самата по себе е „баксузна“, не треба да започнете нов бизнис. Исто така, оваа година не треба да стапувате во брак, бидејќи тој ќе заврши неславно. Меѓутоа, ако сепак одлучите да стапите во брак, препорачливо е жената да го запроси мажот. Само тогаш, жената може да предложи брак затоа што тогаш родовите улоги се превртени. Ова го сведочат многу народни верувања ширум светот.
Инаку, според легендата, ирскиот светец Свети Патрик го прогласил 29 февруари за ден кога на жените им е дозволено да ги запросат мажите што ги сакаат, заради нивните негодувања дека им е здодевно да ги чекаат мажите да го направат првиот чекор. Ова се случило во V век, а неколку векови подоцна, кралицата Маргарет од Шкотска вовела закон според кој, на овој ден, жените може и треба да ги побараат своите партнери, а ако ги одбијат добивале казна како бакнеж, исплаќање пари или купување гардероба – што и да побарала несудената невеста.
За време на венчавката во православните цркви – невестата, пред свештеникот да ја ѝ стави круната на главата, треба во себе да рече: „Овој брак е крунисан со круната на љубовта, која го штити од секакво зло“. Покрај овие, постојат неколку „златни“ правила кои треба да се почитуваат: Невестата на нејзиниот најсреќен ден треба да носи долга венчаница што се влече по земја за да има долг брачен живот. Венчаницата мора да се купи, а не да се изнајми или подоцна да му се позајми на некого. Истото важи и за превезот, нараквиците, украсните панделки и друго. И покрај тоа што невестата на овој ден позајмува нешто од некоја претходна невеста, тоа не треба да го прави ако се омажи во престапна година.
За родените на 29 февруари
Ако не сте знаеле, веројатноста некој да се роди на 29 февруари е еден на 1.000 и во моментов има околу четири милиони луѓе родени на овој ден. За овие деца се верува дека се креативни, способни и честопати многу уникатни. Ако сте се родиле на 29 февруари значи дека сте надарени со „шесто сетило“. Овие луѓе се сметаат за среќни и се верува дека често поседуваат некои посебни таленти. Некои езотеричари тврдат дека гледачите и исцелителите му се радуваат на овој „посебен ден“. Гинисовата книга на рекорди го заведе семејството Кеог од Ирска, чии три генерации припадници на нивната лоза се родени на 29 февруари! Во книгата со рекорди е запишано и норвешкото семејство Хенриксен во кое три деца се родени на престапниот датум.
Луѓето сметаат дека најопасните магии се направени за време на престапна година, па затоа треба да бидете многу внимателни и да се заштитите навремено, со амајлии или некои ритуали, ако верувате во нив. Затоа, секоја куќа треба да има календар за да го скине и фрли листот од претходниот месец. Веднаш штом заврши февруари, треба да се скине, да се запали и да се рече: „Оди си, не ми направи ништо лошо. Амин“.
Според народните верувања, треба да се избегне и садењето овошки во престапна година, бидејќи тие нема редовно да даваат род во текот на својот животен век! Калемењето и производството на овошни садници дури и не се препорачува. Експертите и науката, се разбира, велат дека станува збор за суеверие.
извор:кафепауза.мк