2019 година за Наташа Беквалац беше маскимално успешна на професионално поле. Имено, пејачката имаше многу настапи во регионот, работеше на нови песни и максимално се посвети на музиката.
За разлика од тоа, 2018 година не беше сјајна за пејачката која доживеа физичко насилство од нејзиниот поранешен сопруг Лука Лазукиќ.
Пејачката ги сублимираше впечатоците од 2019 година.
„Животот е преубав, но и преполн со успеси и паѓања.Кога ми се случуваа лошите периоди знаев дека тоа е само период, дека ќе помине. Ги чував своите нерви, душа и срце за периодот кој следува. 2019 година за мене беше една од најубавите“ вели пејачката и додава дека сите желби и се исполниле во претходната година.
„Се што посакував и фантазирав, се случи. Не можам да се сетам на нешто во кое не сум успеала. По кобниот период како да немав време да погрешам, многу работев и се организирав за да живеам живот онаков каков што сакав. Многу одрекувања и многу работа резултираше со голем успех за мене и моето семејство“ вели Беквалац.
Наташа откри какви новогодишни подароци подготвила за нејзините ќерки.
„На Хана и ја исполнив повеќегодишната желба да добие сестра. Таа оваа година посака патики. А на Катја и купив и играчки и многу работи на кои се радува и ја прави среќна. Претпоставувм дека следната година ќе знае што сака. Јас за Нова година ќе посакам се да биде добро“ вели Наташа.