2019 година ја испративме, а 2020 ја дочекавме со нови желби, идеи, нови планови кои ќе сакаме да ни се исполнат.
Многумина од нас посакуваат да се пред живи и здрави, со верување дека другото само ќе си дојде. Некои имаат имаат професионални амбиции, а некои сакат повеќе да се реалзираат на приватно поле.
Секој со своите желби, па така и македонската водителка и финтес инструкторка Снеже Велков. Снеже ако не е пред ТВ екраните каде што ја снима емисијата „Вип на еден ден“, тогаш е во сала каде што редовно вежба.

Меѓутоа, Велков веќе некој период не оди на вежбање бидејќи си го повреди коленото, а токму и и тоа е нејзината желба за 2020 година.

Имено, таа на социјалните мрежи објави фотографија од сала, а во истата напиша:
„Мојата најголема желба за 2020: Да ми оздрави коленцето и пак да растурам во сала“ напиша финтес инстукторката.

Веруваме дека оваа желба на Снеже многу бргу ќе се оставари и дека ќе се врати на своите секојдневни физички активности.