Радио Милева

(ФОТО) Кога сопругот не и е дома Татијана Стефановска се топи во туѓи топли прегратки!

(ФОТО) Кога сопругот не и е дома Татијана Стефановска се топи во туѓи топли прегратки!

За музичарите речиси никогаш нема време за одмор, особено оние од фолк сцената.

Ако не снимаат песни во студио, или се во сезона на свадби, тогаш турнеите низ светот им се дел од годишната работна агенда.

Брачната музичка двојка, пејачката Татијана Стефановска и нејзиниот сопруг, музичарот Митко Безаноски, постојано се во трка со работата. Тој доста често е на турнеи преку океанот, а пак таа ги држи настапите во земјава.

Токму поради тоа пејачката останува сама додека Мите печали во странство. Но, деновиве и таа беше преокупирана со снимањето на спотот за нејзината балада насловена „Си одам“, на кој работеше со ИН продукција.

Доволно долго ја чував и сега дојде времето да се сними спот за неа.Не ја форсирав , не ја промовирав, затоа што сакав да излезе комплет со видео запис. Сега се одучивме тоа да го правиме, после долги подготовки, затоа што знаеме колку треба да се има организација за да се добие комплетно видео од 3-4 минути. Овој пат на мој терен, во Битола, вели Татијана.


Да се биде без саканиот по неколку месеци, не е едноставно, а тоа најдобро го знае таа.

Но, за да не биде сама кога Мите не и е дома Татијана ужива во топлите прегратки и љубовта на своето милениче – мачето.

Имено, пејачката е голем љубител на животните, но мачките се нејзината најголема страст, а не ретко знае да им помогне, да ги вдоми и да им ја пружа целата своја љубов, особено кога има резерви.

 

To top