Месецот јануари ветува дека ќе биде многу поволен за Јарците и Водолиите. Љубовни проблемчиња, пак, ќе имаат Лавовите и Девиците. А вие, во кој знак сте родени? Откријте со нас што ви подготвуваат ѕвездите за месецот јануари 2020.
Овен: Венера и Марс се со вас.
Новата година за вас започнува под знакот на поволната Венера, која ќе ви гарантира многу среќа и спокојство од гледна страна на чувствата, особено во првиот дел од месецот. Сепак, од професионална гледна страна, ќе мора да се однесувате со претпазливост: неповолните Јупитер и Меркур во негативна позиција се до 17-ти. и најверојатно, ќе постават пред вас бројни пречки. Од друга страна пак, ќе бидете фаворизирани од гледна точка на здравјето и енергијата: Марс ќе дејствува во ваша корист почнувајќи од 4ти јануари.
Бик: бавно закрепнување!
2020 година не започнува на најдобар начин за вашиот знак, но тоа не смее да ве исплаши: запомнете дека ќе бидете меѓу омилените знаци на новата година на долг период! Овој јануари едноставно ќе чувствувате се уште умор од минатата 2019 година. Некои несогласувања или напнатост со партнерот се очекуваат до средината на месецот, но малку подоцна спокојството ќе се врати! Марс ќе престане да биде во опозиција со вашиот знак почнувајќи од 4ти : во јануари ќе доживеете бавно, но континуирано закрепнување од гледна точка на енергијата.
Близнаци: Марс во опозиција
Новата година се отвора за вашиот знак со прекрасен поволен аспект на планетата Венера која до средината на јануари ќе ви се насмевне , донесувајќи ви многу среќа во љубовта. За жал, втората половина нема да биде толку среќна, кога може да се појави одредена тензија со партнерот. Почнувајќи од 4ти јануари, ќе мора да се справите со спротивставувањето на планетата Марс, што ќе ве натера да се чувствувате прилично уморни и во полошо расположение. Не грижете се: неочекувани добри вести ќе дојдат до крајот на месецот што ќе направат повторно да се насмеете!
Рак: Венера се грижи за вас!
2020 година нема да биде многу едноставна година за вашиот знак, бидејќи ќе треба да се справите со лошата поставеност на Јупитер и Сатурн. За жал, јануари нема да започне на најдобар начин: до 17 јануари планетата Меркур, исто така, ќе биде во опозиција! Ако чекате вести на работното место или сакате да направите промени, треба да почекате на поповолно небо. За среќа, Венера ќе се погрижи да ви даде насмевка носејќи ви многу пријатни чувства и секогаш ќе ве охрабри кога тоа е потребно.
Лав: тензии со партнерот
За вас започнува месецот јануари, за жал, со Венера во опозиција: веќе за време на празниците ќе мора да се соочите со кавга со партнерот, а кавгите најверојатно ќе продолжат до средината на месецот. За среќа, вториот дел од јануари ќе биде постабилен на сентиментален план. На работа пак, ќе има голема веројатност да наидете на некоја препрека или отпор почнувајќи од 17-ти, кога планетата Меркур ќе влезе во опозиција. Во принцип, во споредба со декември кој беше прилично тежок, јануари ќе биде во знакот на бавното закрепнување со повеќе енергија и физичка сила.
Девица: љубовни проблеми
Вашиот знак оваа година е подготвен за добро закрепнување, загарантирано од поволниот аспект на Јупитер. Овој јануари, сепак, може да донесе некои компликации во однос на чувствата, особено во втората половина, кога планетата Венера ќе се спротивстави на вашиот знак. Затоа, обидете се да се справите со какви било проблеми со партнерот пред 15ти јануари, доколку имате можност. По тој датум, дискусиите може да се вжештат. Марс во неповолна позиција прави да се чувствувате прилично уморни и нервозни, иако ќе има многу интересни прилики и интересни средби.
Вага: проекти за двајца!
2020 година ризикува да најдете некои пречки на патот на вашата професионална реализација. Всушност, јануари започнува со Јупитер и Меркур во неповолна позиција: одговорите што ги чекате може да се одложат или да не бидат онакви како што очекувавте . Сепак, ќе биде подобро во последните десет дена во месецот. Од друга страна, јануари ви носи одлична ведрина во однос на чувствата: убавата, поволна Венера, ќе ве натера да ја започнете новата година со добри можности и многу нови проекти со партнерот.
Шкорпија: добра вест
2020 година ќе биде поволна година за вашиот знак, полна со убави перспективи и проекти што ќе успеат. Затоа, бидете трпеливи ако месецот јануари не започнува на најдобар начин, особено од гледна точка на чувствата. Венера во неповолна позиција е до 14ти, и носи сомнежи и дискусии во вашиот емотивен живот, па дури и ќе ве натера да ја доведете во прашање вашата врска. Втората половина од месецот, сепак, ветува дека ќе биде поповолна и ќе ви донесе спокојство во срцето. Добра вест доаѓа и од професионална гледна точка.
Стрелец: ѕвездите се со вас!
Ѕвездите ќе ви се насмеат на почетокот на годината, обележани со влезот на планетата Марс во вашиот знак! Ќе се чувствувате посилни од кога било, силни и решени да ги реализирате вашите планови за 2020 година, а годината ветува дека ќе биде полна со убави можности. Љубовта исто така ќе ви се насмевнува во текот на првиот дел од јануари. Во втората половина на месецот, сепак, неповолната Венера, би можела да создаде некаква кавга или причина за напнатост меѓу вас и партнерот. Од професионална гледна точка, важни одговори или новите можности би можеле да пристигнат почнувајќи од 17ти.
Јарец: 2020 година е ваша!
2020 година несомнено ќе биде ваша година. Јупитер и Сатурн во знакот ви гарантираат голем и траен успех: сè што работевте последниве години конечно ќе се исплати! Месецот јануари веќе почнува да ја предвидува убавината што ќе дојде: Меркур ви носи потврди, промоции, позитивни одговори, особено ако сте решиле да тргнете по нов професионален пат. И на емотивен план ќе има добри вести, особено во втората половина на месецот!
Водолија: одлично!
Јануари започнува на одличен начин од гледна точка на чувствата, со раскошна Венера во знакот, во текот на целата прва половина од месецот! Годината се отвора со добри можности за вашиот живот во двојка, а врската ќе биде во знакот на силната рамнотежа и предодредена да трае. Втората половина на јануари, сепак, ќе биде дефинитивно важна од професионална гледна точка: почнувајќи од 17 ти, може да пристигнат добри вести или нова можност која мора да ја фатите во лет. Марс се враќа да ве фаворизира, давајќи ви многу енергија.
Риби: Венера доаѓа!
2020 година ќе биде многу подобра година од 2019 година за вашиот знак, кој беше ставен во текот на годината што изминува на сериозен тест. Сега ќе може да доживеете вистинска преродба на емитвен план: во втората половина на јануари планетата Венера ќе влезе во вашиот знак, давајќи ви ја целата љубов што ја заслужувате и ја баравте некое време. Исто така, од професионална гледна точка, ќе бидете фаворизирани, особено во првиот дел од месецот. Само Марс, во лоша поставеност, ќе прави да се чувствувате уморни и без многу енергија.
извор: Макмода