2020 година веќе е на прагот, а од неа не далат уште само неколку часа.
Секој од нас, барем за момент ја „премотува“ годината што изминува и она што се случуваше изминатите 12 месеци, убави, но и не токлку убави момети.
Новата ќе ја почнеме со надеж за подобро утре, за кое треба да бидеме благодарни на Бога што го имаме.
Поп-пејачката Елена Ристекска многу кратко, но доста моќно ја испраќа 2019 година, а нејзината реченица треба сите да си ја повторуваме секојдневно и да сме среќни што имаме следна шанса за се она што сме го замислиле.
-Се чувствувам многу среќна што утрово сум жива. Ги бројам моите благослови, пишува Елена во својата најнова објава на својот профил на Инстаграм.
За потсетување, Елена годинава имаше доста новитети како на професионално, така и на прватно поле.
Снимаше дует со српската пејачка Данијела Кариќ, доби неколку награди, меѓу кои и онаа за „Дама на годината“ за регионот, потоа благодарница за хуманост и придонес во борбата против насилство врз жените, патуваше низ Европа и Америка работно и приватно, а исто така прослави и 17 години кариера откако победи на изборот за музички таленти „М2“.
Приватно освен тоа што за првпат пред камери зборуваше по разводот и емотивно ја отвори душата, пред неколку месеци имаше и ново момче, со кое веројатно не си беа судени да останат заедно.
Сè на сè, Елена очигледно е благодарна на она што и се случи, а од желбите за Новата, најважна и е онаа да се буди следното утро, здрава и жива!