Децата во домот се најголема среќа и радост, а нивниот поглед и насмевка кон новогодишната елка и декорации, е бесценет.
Фолк пејачката Анастасија Петреска оваа година под елката го има најубавиот подарок од Бога, малата ќеркичка Андреа, која со сопругот Владимир ја добија во месец март.
Наскоро малата наследничка ќе наполни една година, па веќе почна полека да покажува поголем интерес за опкружувањето.
Новогодишната декорација од белата елка, ирвасот и Дедо Мраз до неа, посебно ја радуваат и возбудуваат Андреа, чија љубопитност дополнително расте покрај сè она што светка и го одвлекува нејзиното внимение.
Мама Анастасија 2019 година ќе ја испрати благословена со најубавото ангелче што можеше да го посака.
Инаку, таа и нејзиниот сопруг Владимир за најлудата ноќ ќе настапуваат заедно, а работно продолжуваат и следниот ден во Новата 2020 година.