Недостигот на витамини кои се наоѓаат во млекото може да ги оштети нервите.
Веганската исхрана е во главно здрава, со низок холестерол и штити од срцеви болести, но нејзините следбеници мора да земаат додатоци од витаминот Б12 или ризикуваат состојба која предизвикува трајно тресење на рацете и нозете, велат експертите.
Повеќето луѓе добиваат витамин Б12 од млекото, но супстиуентите на база на билки немаат доволно високо ниво за да ги заштитат луѓето од периферна невропатија, што е неповратно.
“Постои опасност младите вегани, кои не примаат Б12, да добијат сериозна невропатија. Нивото во билното млеко треба да биде повисоко од тоа што е моментално. Ако е три пати повисоко, нема да постои проблем”, велат тие.
Интернетот тврди дека на веганите не им е потребен дополнителен Б12, што не е засновано на докази, рекол Том Сандерс, професор по исхрана и диететика од King’s колеџот во Лондон.
“Загрижен сум што многу луѓе мислат дека тоа е мит”, рекол Сандерс. Џаините во Индија јадат веганска диета, но, рекол тој, “сите Џаини кои ги познавам примаат инекции Б12”.
Истражувањата покажале дека нивото на Б12 во веганите е третина од тоа што е потребно. Другите аспекти на веганската исхрана се здрави, но, рекол Сандерс, “Б12 е единствената работа за која се грижиме”. Посебно се грижи за децата. Во еден случај, бебе кое го доела мајката со недостиг на Б12 добила невропатија.
Веганската исхрана богата со овошје и зеленчук веројатно е здрава, но веганите и натаму можат да претеруваат со колачиња, чипс и пиво, рекле научниците.
Засега нема докази дека веганите живеат подолго. “Не постојат значајни разлики во вкупната смртност на веганите и оние кои јадат месо”, рекол Сандерс.
извор:точка.ком.мк