Честопати ви се случува при подолго пешачење кога надвор е ладно да ви се оди во тоалет? Не сте единствени и нека не ве загрижува тоа, затоа што причината е токму ладното време.
Кога ова се случува, често помислуваме дека сме настинати. Но, вистинската причина е во природниот одговор на нашето тело кога температурите надвор се ниски.
Самиот процес на исфрлање течности од телото преку мокрење предизвикано поради ладното време се вика студена диуреза, велат лекарите.
Студената диуреза може да се појави кога телесната температура ќе се намали. Биолошкиот одговор на студот е да пренасочи повеќе крв кон вашите витални органи за да ги загрее, а бубрезите ослободуваат повеќе течности за да го стабилизираат притисокот кој притоа се покачува.
И токму тој процес го зголемува производството на урина, поради што почесто уринирате во зима, објаснуваат лекарите.
Главниот начин да ја спречите ладната диуреза е добро да се облечете и да избегнувате да престојувате на ладно подолго време.
извор:кафепауза.мк