Веста дека Слоба Радановиќ очекува бебе со својата нова девојка Јелена Ѓуричанин, одекна како бомба вчера во српските медиуми , а сега пејачот се огласи и ја откри вистината.
Поточно, медиумите шпекулираат дека Слоба токму поради тоа што очекува принова, ја обелодени врската со Јелена, со која деновиве изјави дека планира свадба следната година.
Радановиќ рече дека овие шпекулации се невистинити и дека тој не нема наскоро да стане татко.
„Секако дека не е точно, ова се измислици“, кратко рече Слобода, но многупати досега се покажало дека каде што има чад има и оган, бидејќи изненадувачка беше и неговата изјава дека ќе се жени, иако девојката ја познава и е во врска многу кратко време.
За потсетување, Слободан беше во брак со Кија Коцкар, а во тој период ја изневеруваше јавно во „Задруга“ со Луна Ѓогани.