Радио Милева

Адел со нереална трансформација на божиќната честитка со Дедо Мраз: Толку многу е ослабена што не би ја познале (фото)

Адел со нереална трансформација на божиќната честитка со Дедо Мраз: Толку многу е ослабена што не би ја познале (фото)

Познатите традиционално почнаа со објавата на божиќните честитки на социјалните мрежи, а меѓу нив е и пејачката Адел која шокираше со својата појава.

Долго време се зборува дека Адел ги намалува килограмите, но овој пат таа изгледа непрепознатливо.

Ова е повеќе од божиќна фотографија, а многумина се согласија дека пејачката изгледа како некоја дива од Холивуд – никогаш поубава и никогаш пошармантна.

фото:адел/инстаграм

Адел го „победила“ вишокот килограм и сите ги воодушеви со својот неверојатен изглед.

Жената со неверојатен глас, големата трансформација на изгледот ја започна по разводот од Симон Конечки, оваа година, со кој беше во брак три години.

фото:адел/инстаграм

Чекор по чекор, грам по грам и Адел стана целосно нова жена, во секој поглед. Промената која ја направи е толку многу воочлива што многумина заборавија како таа некогаш изгледаше.

To top