Живот и Стил

Годинава направете поинаква руска салата

Годинава направете поинаква руска салата

Направете вкусна руска салата со совршен додаток – карфиол.

СОСТОЈКИ:

  • 300 гр. замрзнат карфиол
  • 300 гр. колбаси
  • 400 гр. мајонез
  • 3 моркови
  • ½ тегли кисели краставички
  • 4 јајца

ПОДГОТОВКА:

  • Се вари карфиолот на пареа и се сече на мали парчиња.
  • Се сечат и колбасите.
  • Се вари морковот и се сече со киселите краставички, јајцата се варат и се сечат и тие ситно.
  • Се става во сад карфиол со колбаси, моркови и краставички и јајца.
  • Се додава мајонез и зачини и се меша.
  • Може да украсите со маслинки.

извор:готви.мк

To top