Лицата кои поради настинка, алергија или слични причини имаат затнат нос, во текот на ноќта може да се разбудат и по неколку пати поради отежнато дишење. Со оглед на тоа дека сонот е клучен за закрепнување, но и за намалување на ризикот од настинка, лекарите дале неколку совети за да ја олеснат оваа состојба.
За олеснување се препорачува да комбинираат и неколку од овие совети.
1. Кренете ја главата
Носот се затнува во текот на ноќта бидејќи синусите се сушат. Поради лежечката положба сиот слуз останува во главата, што може да предизвика и главоболка наутро. Обидете се да спиете со крената глава, односно на повеќе перници. На некои им е полесно за време на настинката да спијат на фотелја или на потпирачот на каучот.
2. Користете освежувач на воздухот.
Сувиот нос може да предизвика болка. Освежувачот спречува претерана сувост и ја намалува болката при дишење додека е запушен. Во нив можете да додадете есенцијални масла.
3. Сите предмети чувајте ги покрај креветот
За да не мора да станете од кревет и да се расоните, марамчињата, корпата за отпадоци и шишето со вода чувајте ги покрај креветот.
4. Јадете мед
Проблемот со затнатиот нос може да предизвика дишење на уста, со што се суши грлото и тоа станува болно. Тоа може да го отежне спиењето кај лице кое е веќе настинато. Медот ја ублажува непријатноста во грлото. Исто така, спречува кашлица.
5. Истуширајте се во пареа
Жешката вода предизвикува пареа која ќе ви ги отвори синусите. Ова ќе ја намали болката и ќе го олесни дишењето.
6. Користете физиолошки раствор
Спрејот за нос кој содржи солена вода може да ги “испере” синусите и да ги отпуши. Перењето со солен раствор помага во ублажувањето на иритациите и отоците.
7. Носете носна маска
Носните ленти се прицврстуваат на мостот на носот и нежно ги извлекуваат носниците. Иако многу луѓе користат ленти за нос за да го спречат рчење, тие може да го олеснат дишењето кај лица кои имаат затнат нос.
8. Пијте лекови против настинка
Овие лекови содржат состојки кои може да го олеснат дишењето, а воедно помагаат и кај другите симптоми како што е болка во мускулите и глабоволката.
извор:точка.ком.мк