Зимата може да биде ладна и депресивна, но и магична и пријатна. Сè е до вашата перцепција, а со помош на овие совети засакајте ја уште денес!
Зимата не е најпријатната сезона за многумина – студено е, магливо, деновите се кратки и луѓето се летаргични и студени. Се затвораме во нашите топли домови и ја минимизираме физичката активност, лути поради ниските температури и непријатните ветрови. Но, зошто да не ја прифатиме ситуацијата таква каква што е и да ја искористиме најдобро што можеме?
Ако во близина немате „зимски“ ентузијаст кој ќе ве води низ сите доблести на оваа сезона, не грижете се, ние сме тука да ве одоброволиме со овие 5 едноставни совети:
1. Уживајте во омилениот топол напиток
Во текот на денот, загрејте се со природен чај од билки, а потоа наградете се со вкусно топло чоколадо што можете да го направите дома за многу кратко време.
Јавете им се на пријател(к)ите, испечете здрави колачиња и уживајте!
2. Затоплете се
Протнете се под вашето омилено ќебе, читајте книги, гледајте телевизија, играјте видеоигри.
Се чини премногу едноставно, но има нешто толку смирувачко во мекото ќебе и удобната перница по напорниот ден.
3. Читајте книги
Додека некои читаат во текот на целата година, други се присетуваат на книгите во текот на зимските месеци. Без оглед на која група припаѓате, зимата е одлична сезона за читање.
Пикнете се под ќебето со чаша од вашиот омилен напиток и изгубете се во страниците од книгата.
4. Излезете надвор
Одете на прошетка, пешачете, скијајте или одете на лизгалиште. Уживајте во „сонцето со заби“ и впивајте витамин Д.
Облечете се добро, не заборавајќи ги капата и ракавиците и излегувајте на свеж воздух колку што е можно почесто.
5. Запалете свеќи
Бидејќи зимските денови се кратки, а ноќите долги, внесете топлина во вашиот дом со миризливи свеќи.
Исклучете ги светлата, вечерајте под романтичната светлина на свеќите, направете си релаксирачка купка и уживајте во златниот сјај.
извор:кафепауза.мк