Луна Ѓогани неодамна раскина со нејзиното момче Марко Миљковиќ со кого врската ја започне во реалното шоу „Задруга“.
Имено, Луна во интервју за курир.рс проговори првпат за раскинувањето со Марко, а како причина за нивната разделба истакна дека е разликата во карактерите и вели дека нема никакви шанси да се смират.
На прашањето што се случило со Марко, зошто раскинале, Луна вели:
„Беше се совршено, но, ете се случи се во два дена. Не знам што да кажам“ вели пејачката.
На прашањето дали се надева дека ќе се смират, таа вели: „Не“.
Марко изјави дека надвор од реалното шоу никогаш не би се „смувале“ бидејќи Луна надвор е многу поразлична од реалното шоу.
„Не ме интеренсира што зборува бидејќи во двете „Задруги“ бев најискрена. Во првата „Задруга“ го освоив второто место, а во втората победив. Тие што зборуваат дека сум вообразена ги молам да ме остават на мир“ вели Ѓогани.
На прашањето дали би пиела кафе со Слоба или Марко, таа вели:
„Не пием кафе со поранешните момчиња. Кога ќе заврши некоја врска, ќе ставам крај на таа приказна, така да ниту со еден од нив не би пиела кафе“ изјави Луна.