Кога размислувате за новогодишните одлуки, губитокот на килограмите е на врвот на листата. Но, оваа година исфрлете ја оваа одлука од вашата листа на работи кои сакате да ги направите во 2020 година. Има многу други фактори кои можат да ви донесат радост и добро ментално здравје.
Оваа година барајте нови одлуки кои ќе ви помогнат да се чувствувате среќни и без потреба да застанете на вага.
Бидете активни, но правете го тоа поради забава
Најдете ја физичката активност којашто ви одговара и дозволете си таа ментално да ве опушти. Доколку уживате во вежбањето, помали се шансите дека ќе се откажете.
Изберете планинарење, пешачење, јога или часови по танцување.
Направете пауза од социјалните мрежи
Социјалните мрежи се бегство од реалноста. Времето коешто го поминувате на социјалните мрежи може да го пренасочите кон друга активност. Ограничете го времето кое го поминувате на интернет до два и пол часа.
Поминувајте време со пријателите
Излегувајте со вашето друштво и бидете поддршка еден на друг. Вложете малку повеќе енергија и време во вашите пријатели. Тие ќе ви дадат самодоверба.
Јадете овошје и зеленчук
Сите знаеме дека е потребно да јадеме овошје и зеленчук. Најдобриот дел од списокот е кога ќе одлучите да практикувате здрав начин на живот. Ова не мора да значи дека треба да имате вегетаријанска исхрана. Може да јадете месо неколкупати неделно, но и да внесете нови намирници во исхраната.
Фокусирајте се да додадете нутритивни состојки во вашата исхрана со кои ќе се борите против високиот притисок. На овој начин не само што ќе слабеете, туку и го менувате стилот на живот.
Гответе дома три пати неделно
Кога готвите дома, јадете многу поздрава храна, а со тоа го намалувате внесот на калории.
Готвењето со партнерот, пријателот или членот на семејството е одличен начин за забавување. Со подготовката на храна се ослободувате од непотребниот стрес.
Медитирајте
Доволно е да одвоите десет минути во денот за да се посветите на медитирањето, а за тоа време ќе придонесете на вашиот личен успех. Потребно е само цврсто да одлучите дека сте подготвени за промени.
Во ред е да кажете НЕ
Често сме растргнати помеѓу обврските, работата, социјалниот живот, па едноставно не се ставаме себеси како приоритет. Оваа година кажете „не“ на сето она што не ви одговара и не се чувствувајте лошо заради тоа. Следете ги сопствените потреби и ќе бидете сведок на тоа како ќе се подобрат вашето физичко и ментално здравје.
Изразете ја сексуалноста
Експериментирајте со она што го сакате и преземете иницијатива. Сексот го подобрува вашето психичко здравје, го намалува стресот, па погрижете се да имате пријатно сексуално искуство во текот на целата година.
извор: kajgana.com