Радио Милева

Српските медиуми тврдат дека Славица Чуктераш тајно се развела, а еве што вели пејачката на таа тема

Српските медиуми тврдат дека Славица Чуктераш тајно се развела, а еве што вели пејачката на таа тема

Последните два дена српските медиуми пишуваат дека наводно пејачката Славица Чуктераш се развела од нејзиниот сопруг, фудбалерот Владо Аврамов. Како причина за нивниот развод се наведува дека тоа што долго време биле разделени.

Славица и Владо која ја имаат својата двегодишна ќерка Викторија наводно по пет години одлучиле да стават крај на бракот, пишува „ало.рс“.

фото: Приватна архива/блиц.рс

„Иако многумина мислат дека Владо и бранеше на Славица да пее, вистината е дека тој ја мотивираше таа да се врати на музичката сцена. Секојдневно и велеше дека нема ништо лошо да се посвети на себе. А кога конечно ја убеди да се врати во Србија и да ги снима своите први песни, настанаа првите проблеми. Неговиот нов ангажман во Англија, додека таа беше во Нови Сад со ќерката, разделба на која не се навикнати. Желбата на Славица да се врати на музичката сцена придонесе да се одалечат како пар. Ни едниот, ни другиот не мислеше дека нивниот брак можеби ќе пукне, но тоа и се случи“ тврди извор за „Ало.рс“  и додава:

фото: Принтскрин/инстаграм/славицачуктераш

„Бидејќи и двете страни почувствуваа потреба дека треба да се разделат, тие разговараа со недели. Мислеа дека станува за лош период, но им стана јасно дека нема повеќе емоции и дека треба да се разведат. Па така и беше, еден месец откако започнаа проблемите, тие се разведоа. Тие не сакаат нивната ќерка да не го трпи нивниот развод. Малата Викторија ќе биде со нејзината мајка која на ниту еден начин нема да спречи Викторија да поминува време со нејзиниот татко“ вели изворот.

Чуктераш не била расположена да разговара на оваа тема.

„Никогаш не зборував за сопругот и детето, а така ќе биде и сега“ изјави пејачката за „Ало“, а на прашањето дали навистина се развела, таа вели:

„Не сакам да зборувам за тоа“.

Дали Славица и Владо не се заедно и насвиситна се развеле, ќе покаже времето.

To top