Живот и Стил

Дневен хороскоп – среда, 18 декември 2019

Дневен хороскоп – среда, 18 декември 2019

ОВЕН

Ве очекуваат проблеми кои нема така лесно да ги решите. Поради работната ситуација, сте многу често под стрес. Срамежливи сте, и не ви е нималку лесно на ова поле да го направите првиот чекор кон личноста која ви значи. Урогениталниот тракт е чувствителен.

БИК

Не е поволен ден за нови случувања кога е во прашање полето работа. Можно е некое време да стагнирате. Посветени сте на саканата личност и многу ви е важно да од неа добиете внимание и нежност која ја очекувате. Наклонети сте кон алергии.

БЛИЗНАЦИ

Ве очекуваат мали компликации кога е во прашање работата, и ќе ви биде потребно трпение да ги решите. Се двоумите околу тоа дали да влезете во нова врска со личноста која ви се додворува. Кожата ви е наклонета кон иритации.

РАК

Очекувајте дека ќе бидете задоволни со организацијата на работа која сте ја направиле. Имате грижа на совест поради неискреноста која сте ја покажале кон саканата личност. Пробајте да ја исправите ситуацијата. Пад на имунитетот.

ЛАВ

Очекувајте нова работна прилика која ќе ја искористите на најдобар можен начин.Можно е смирување со личноста која и натаму ја сакате. Минатото ви се враќа на голема врата. Болки во грлото.

ДЕВИЦА

Успешно ги решавате проблемите кои ги имате на ова поле. Можно е други да ви завидуваат на вашиот успех. Ве очекува шанса на личноста која ви значи да и покажете какви се вашите искрени чувства. Чувајте се од настинка.

ВАГА

Не сте подготвени за драстични промени, иако се подготвуваат драстични промени. Потрудете се да бидете подготовени. Саканата личност би можела да покаже некој гард или дистанца кон вас во следниот период.Потребно ви е повеќе сон.

ШКОРПИЈА

Можно е да не се снаоѓате во ситуација која на некој начин е неизвесна. Не ви е нималку лесно да донесете вистинска одлука. Партнерот покажува дека е подготвен максимално да ви се посвети. Пад на имунитетот.

СТРЕЛЕЦ

Успешно ќе го одработите она што сте го замислиле за денеска. Поволен ден е пред вас. Можно е да запознаете нова личност кон која ќе почнете да имате силни чувства.Нема проблеми.

ЈАРЕЦ

Не сте подготовени за нови потези кои би можеле да ви ја загрозат раобтата. Засега држете се од било какви ризици. Сакате да одите чекор напред со саканата личност и планирате заедница. Избегнувајте стрес.

ВОДОЛИЈА

Ве очекува период во кој би можело да ви биде понудено унапредување. Ако сте слободни, ве очекува период во кој ќе имате ново љубовно познанство кое ќе ви донесе среќа. Внесувајте повеќе витамини.

РИБИ

Успешно ќе решите некои препреки кои на ова поле сте ги имале. Очекувајте дека се добро ќе се заврши. Ви недостасува со саканата личност да зборува за се. Сте се оддалечиле. Генерално добро.

To top