Сигурно се сеќавате каков пресврт во модниот свет донесоа чокерите.
Долго време после нив ниеден друг аксесоар не можеше да го замени нивниот впечатлив изглед и да ја достигне истата популарност.
Сепак, постои нова верзија за која модните критичари сметаат дека е доста посуптилна и поелегантна од нив, а оние кои ги следат новите модни трендови се повеќе преферираат да ја носат.
Станува збор за тенките ланчиња со медалјони кои совршено одговараат на секоја модна комбинација, а можат да се носат и на секаква пригода.
Иако одлично изгледаат и поединечно, стилистите сметаат дека подобар ефект имаат кога се во комплет со повеќе ланчиња во различна должина.
Инспирација на новите и модерни изгледи на овие аксесоари претставувале старите ланчиња со медалјони во кои можело да се вметне мала фотографија.
извор:brkajrabota.mk