Радио Милева

Сопругата на Саша Поповиќ јасна и директна: „Не е праведно пејачите од ријалити да се споредуваат со нашите деца!“

Сопругата на Саша Поповиќ јасна и директна: „Не е праведно пејачите од ријалити да се споредуваат со нашите деца!“

Пејачката сопруга на директорот на „Гранд“ продукција Саша Поповиќ, Сузана Јовановиќ, без влакна на јазикот, го кажа своето мислење за фактот  дека некои ријалити sвезди се занимаваат со пеење.

Имено, откако Кија Кокар и Луна Ѓогани по победата во „Задруга“ се сретнаа со бурни реакции од јавноста кога преминаа во музичките води, сега и Сузана го прокоментира моментот.

– Не е фер да се споредат пејачите од ријалити со нашите деца, но денес е невозможното е возможно- рече Сузана за „Свет“.

– Нашите деца(мислејќи на учесниците во “Ѕвездите на Гранд“), поминаа низ борба, напор, стрес дали ќе поминат, што ќе каже жирито, каква песна да изберат. Вие точно можете да видите кој е од ѕвезда и колку се бори за својата кариера – додаде Јовановиќ.


– Еве, Милица Павловиќ е жив доказ, така се и Милица Тодоровиќ, Катарина Грујиќ, малата Александра Младеновиќ. Тоа се девојки кои ја заслужуваат секоја почит, напорно работат и заработуваат пари, но исто така инвестираат и во нивните кариери – заклучи Сузана.

фото:антонио ахел/ата имиџис/инстаграм

To top